PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 317 |
Посети (овој месец): | 6804 |
Посети (оваа година): | 116827 |
Посети (вкупно): | 1110369 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Новиот европски кодекс пропишува 12 начини за да се спречи ракот
Избегнување на тутун, алкохол и прекумерно изложување на сонце, одржување на здрава телесна тежина, и, да се биде физички активен, се меѓу 12-те начини за да се спречи ракот пропишани од новиот Европски кодекс против ракот. Кодексот, исто така, препорачува учество во организирани скрининг програми за рак на дебелото црево, дојката и грлото на матката.
Специјализираната агенција за рак на СЗО, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), е автор на Кодексот за подобрување на контролата на ракот. Четвртото издание на Кодексот, ревидирано со најдобрите расположливи научни докази, наведува 12 начини за прифаќање на поздрав начин на живеење и за подигање на превенцијата на ракот низ Европа. Кодексот е резултат на двегодишна соработка помеѓу специјалистите за рак, научниците и други експерти.
„Кодексот ја покачува свеста за одлучувачката улога на превенцијата во борбата против ракот,“ вели DrChristopherWild, директор на IARC. „Со прифаќање на Кодексот, сите граѓани во Европа можат да преземат конкретни активности за себе, за своите пријатели и семејства, за да го намалат значително ризикот од развој на рак.“
Новото издание на Кодексот вклучува и други значајни препораки за намалување на ризикот од рак, такви како што се доењето, ограничувањето на користење на заменска хормонска терапија и вакцинацијата против хуманиот папилома вирус. Кодексот, исто така, препорачува откривање на можна изложеност на зрачење од радон во домот и делување за да се намалат високите нивоа на радон.
Подготвил: асс. м-р д-р Валентина Симоновска
прим. д-р сци. Весна Спирова
|