PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 807 |
Посети (овој месец): | 10930 |
Посети (оваа година): | 347362 |
Посети (вкупно): | 1340904 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОГАТА
Светскиот проблем со дрогата е сложено прашање што погодува милиони луѓе ширум светот. Многу луѓе кои користат дроги се соочуваат со стигма и дискриминација, што може дополнително да им наштети
на нивното физичко и ментално здравје и да ги спречи да пристапат до помошта што им е потребна. Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) ја препознава важноста од преземање пристап со фокус на човековите права, сочувството и практиките засновани на докази.
Секоја година на 26 јуни се одбележува Меѓународниот ден против злоупотреба и недозволена трговија со дрога или Светски ден на дрогата за да се зајакне акцијата и соработката за постигнување свет без злоупотреба на дрога. Целта на овогодишната кампања е да се подигне свеста за важноста од третирање на луѓето кои користат дроги со почит и емпатија; обезбедување на доброволни услуги базирани на докази за сите; нудење алтернативи за казнување и давање приоритет на превенцијата. Кампањата, исто така, има за цел да се бори против стигмата и дискриминацијата против луѓето кои користат дроги .
Светскиот извештај за дроги дава глобален преглед на понудата и побарувачката на опијати, кокаин, канабис, стимуланси од типот амфетамин и нови психоактивни супстанции (НПС), како и нивното влијание врз здравјето. Истакнува, преку подобрени истражувања и попрецизни податоци, дека негативните здравствени последици од употребата на дрога се пораспространети отколку што се мислело.
Веќе две децении, Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) помага светот да се направи побезбеден од дрога, организиран криминал, корупција и тероризам. Посветени се на постигнување здравје, безбедност и правда за сите преку справување со овие закани и промовирање на мирот и одржливата благосостојба.
Подготвил: Снежана Мојсовска дипл. логопед. Одд. за Социјална медицина
|