PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Посетеност
Денешни посети: | 384 |
Посети (овој месец): | 39935 |
Посети (оваа година): | 174569 |
Посети (вкупно): | 910293 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светска недела на доењето 1 - 7 Август
Да направиме доењето и работата да функционираат!
Оваа година, овoj настан го става акцентот на значењето на доењето, поддршката и влијанието на работното место на родителите, со што кажува и овогодишната тема:
”Да направиме доењето и работата да функционираат!”
( Let’s make breastfeeding and work, work! ).
Од 1-ви до 7-ми август, оваа светска иницијатива има за цел да го поддржи и промовира доењето како нешто круцијално за новороденчињата, и да го потенцира значењето и поддршката од работната средина.Доењето не само што обезбедува оптимална хранливост за бебињата, туку и го засилува нивниот имунолошки систем, ја засилува врската помеѓу мајката и детето и има многу здравствени предности и за мајката и за бебето. Затоа, многу е битно веднаш по раѓањето уште во првиот час, новороденчето да биде поставено кај мајката за доење. Ова е еден од најважните моменти за здравјето и добросостојба на детето и мајката.
Како јавни здравствени работници во Скопје, нашата мисија за време на Светската Недела на доењето 2023 е да ја подигнеме свеста за значењето на доењето и да обезбедиме поддршка и образование за новите мајки и семејства, и нивната работна средина. Преку промоција и заштита на доењето, придонесуваме за подобрување на здравјето и развојот на бебињата, намалување на ризикот од различни болести и создавање на посилно и здраво општество. Во текот на оваа недела, ќе се реализираат различни образовни активности, семинари, работилници и програми за да им овозможиме на мајките потребни знаења и ресурси за успешно започнување и продолжување на доењето. Во заемна соработка, здравствените работници, соработници, консултанти за доење и лидерите во заедницата, ќе обезбедат поддршка за доилките да направат информирани одлуки за доењето и да создадат пријателско опкружување кое го поттикнува доењето.
Со прифаќање на овогодишната тема, ќе ги оствариме нашите цели и ќе ги заштитиме и подобриме перспективите на нашите најмлади граѓани во Скопје. Доењето е природен и важен начин на исхрана на новороденчињата, и кога им обезбедуваме на мајките поддршка за доење, ние ја негуваме и инвестираме во иднината на нашите деца и општеството во целост.
Да го направиме доењето да процвета и да се грижиме за нашето општество –
едно доење, една мајка, една заедница!
Изготвил: Флорија Хамид – дип. соц. раб
Извор:
https://www.who.int/campaigns/world-breastfeeding-week/2023
https://www.paho.org/en/campaigns/world-breastfeeding-week-2023-lets-make-breastfeeding-and-work-work
|



































































