PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 434 |
Vizitat (këtë muaj): | 11545 |
Vizitat (këtë vit): | 394541 |
Vizitat (totale): | 1388083 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОСТЕОПОРОЗА
Најдобро време да се стави во центарот на вниманието остеопорозата е Светскиот ден на остеопорозата, кој се одбележува на 20 октомври секоја година. Слоганот на овогодишната кампања за Светскиот ден на остеопорозата „Кажи не на кревките коски“, ќе се обиде да стави крај на инерцијата околу здравјето на коските со тоа што ќе ги повика луѓето од сите возрасти да ги ценат и заштитат своите коски.
Следниве пораки кои ќе се упатат до луѓето од сите возрасти, пациентите, здравствените работници и здравствените власти се:
1. Нашето здравје на коските е драгоцено. Здравите коски се основата на нашата благосостојба, мобилност и независност. Луѓето од сите возрасти треба да го заштитат здравјето на коските со преземање рани мерки за спречување на остеопорозата преку здрава исхрана за коските, редовна физичка активност и избегнување на негативни фактори, како што е пушењето.
2. Остеопорозата е важна. Остеопорозата е сериозна закана по здравјето со потенцијално катастрофални последици. Препознавање на индивидуалните фактори на ризик, приоритизирање на здравјето на коските (како што тоа го правиме за здравјето на кардиоваскуларниот систем), барање на скрининг или тестирање на остеопороза по идентификација на факторите на ризик и придржување кон било кој пропишан режим на лекови. Преку сите овие стратегии, можеме да го премостиме јазот во грижата за остеопорозата, заштитувајќи ја нашата мобилност и независност како што старееме.
3. Здравјето на коските да биде приоритет на политиката за здравствена заштита.
Со до 37 милиони кршливи фрактури што се случуваат на глобално ниво секоја година, остеопорозата претставува огромен економски товар за луѓето и здравјето во целиот свет. Здравствените власти мора да му дадат приоритет на здравјето на коските на повеќе начини, вклучително и со инвестирање во услуги за нега по фрактура. Овие услуги обезбедуваат, секој пациент со фрактура на возраст од 50+ кој оди во болница со скршена коска е стручно проценет и третиран за остеопороза за да се спречат повторливи и фрактури потенцијално опасни по живот.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одд.за социјалнa медицина,
Октомври, 2024
Извор: https://www.worldosteoporosisday.org/get-involved
|