PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 831 |
Visits (this month): | 28227 |
Visits (this year): | 468606 |
Visits (total): | 1462148 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден за борба против туберкулозата
– 24 март 2014 -
„Пропуштените” 3 милиони
Секоја година 9 милиони луѓе заболуваат од туберкулоза. 3 милиони луѓе не ја добиваат грижата која им е потребна. Помогнете ни да дојдеме до нив.
Во 2014 година, слоганот на Светскиот ден за борба против туберкулозата гласи „Да дојдеме до 3-те милиони луѓе”.
Туберкулозата е излечива болест, но денешните напори не се доволни да се открие, третира и излечи секој оној кој ќе заболи. Една третина од 9-те милиони луѓе кои заболуваат од туберкулоза годишно се „пропуштени” од здравствените системи. Повеќето од овие 3 милиони луѓе живеат во најсиромашните и најранливите заедници во светот или им припаѓаат на маргинализираните групи како што се работниците мигранти, бегалците и внатрешно раселените лица, затворениците, домородното население, етничките малцинства и корисниците на дрога.
Светскиот ден за борба против туберкулозата заедно го промомовираат СЗО и Партнерството за борба против туберкулозата под заштита на СЗО. Светскиот ден за борба против туберкулозата дава можност, погодените лица и заедниците во кои тие живеат, владите, невладините организации, обезбедувачите на здравствените услуги и меѓународните соработници да се вклучат во понатамошните акции за да им се помогне на 3-те милиони луѓе. Сите соработници можат да помогнат да се постигне оригинален пристап кој ќе му обезбеди на секој оној кој страда од туберкулоза да има достапна можност за дијагностицирање, лечење и излекување.
|