PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1916 |
Visits (this month): | 29312 |
Visits (this year): | 469691 |
Visits (total): | 1463233 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
4ТИ ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ
“Повеќе од осум милиони луѓе умираат од рак годишно, од нив повеќе од 60% во земјите со низок и среден доход, повеќето во сегментот со среден доход“, вели професор Tezer Kutlik, претседател на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC). Апсолутниот број на случаи на заболени од рак во земјите во развој драматично расте поради порастот и стареењето на населението што налага преземање на соодветни мерки без одложување.
Податоците презентирани на Светскиот конгрес против ракот, во декември 2014 година, налагаат земјите со среден доход да ги зголемат трошоците за рак за 2-5% од нивниот здравствен буџет. На земјите со низок доход, каде службите се најслабо развиени и со недоволно обучен кадар, ќе им биде потребна меѓународна помош за градење на капацитети, процес кој веројатно ќе трае декада или повеќе.
Светската здравствена организација го препорачува кост-ефективниот концепт на “best buys” за хроничните незаразни заболувања, кој ги вклучува следните мерки за превенција на ракот:
- Оданочување на цигарите, пропис за контрола и намалување на ракот поврзан со тутунот;
- Вакцинација против Hepatitis B (HBV), за спречување на ракот на црниот дроб;
- Скрининг и лечење на преканцерозните лезии на вратот на матката.
Третото издание на „Приоритети за контрола на болестите - за ракот“, (DCP3 Cancer) на оваа листа ги додава основните интервенции за (1) лечење и (2) контрола на болката, кои заедно го чинат „основниот пакет“:
- HPV вакцинација за девојчињата во адолесценција, за да се превенира ракот на грлото на матката,
- Контрола на болката кај ракот во напреднат стадиум,
- Лечење на одбрани видови на рак во педијатријата,
- Дијагностицирање и лечење на рак на дојка и колон во ран стадиум.
Овие мерки се однесуваат на оние видови на рак кои (1) силно го оптоваруваат здравјето (рак на грлото на матката, рак на дојка и рак на колон), (2) рак со висока можност за лечење и (3) (одбрани) педијатриски видови на рак. Сите интервенции се кост-ефективни, достапни во повеќето земји со среден доход и достижни во земјите со низок доход, со меѓународна помош, и остварливи во временската рамка до 2030-та година.
Преземено од: Union for International Cancer Control (UICC), февруари 2015.
Подготвил: прим. д-р сци.Весна Спирова
|