PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 761 |
Visits (this month): | 4599 |
Visits (this year): | 114622 |
Visits (total): | 1108164 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на СИДА, декември 2015
Никој не може да стори се, но секој може да направи нешто.
Да се здружиме
за да се бориме
за да се заштитиме
за да им подариме
на оние кои ги сакаме
здрава иднина.
Основни факти
Ö ХИВ останува значаен глобален јавноздравствен проблем, кој до сега зел повеќе од 34 милиони животи. Во светот, во 2014 година, 1,2 милиони луѓе умреле од причини поврзани со ХИВ.
Ö Близу 36,9 милиони лица живееле со ХИВ на крајот од 2014 година со 2,0 милиони луѓе новозаразени со ХИВ во светот во 2014 година.
Ö Под-Сахарска Африка е најпогодениот регион, со 25,8 милиони лица кои живееле со ХИВ во 2014 година. Во Под-Сахарска Африка се скоро 70% од вкупниот број на новоинфицирани со ХИВ во светот.
Ö ХИВ инфекцијата често се дијагностицира преку брзи тестови за дијагностицирање (RapidDiagnosticTests, RDTs), кои го откриваат присуството или отсуството на ХИВ антитела. Повеќето од овие тестови обезбедуваат резултати од тестирањето истиот ден, што е важно за ран тертман и заштита.
Ö Не постои лек за ХИВ инфекцијата. Меѓутоа, ефективните антиретровирусни медикаменти можат да го контролираат вирусот и можат да помогнат да се спречи пренесување, така што лицата со ХИВ и оние со реален ризик, можат да имаат здрав и продуктивен живот.
Ö Се проценува дека денес само 53% од луѓето со ХИВ го знаат својот статус. Во 2014 година, близу 150 милиони деца и возрасни во 129 земји со низок и среден доход биле тестирани за ХИВ.
Ö Глобално, во средината на 2015 година, 15,8 милиони луѓе со ХИВ примале антиретровирусна терапија.
Ö Во периодот помеѓу 2000 и 2015 година, бројот на новоинфицирани со ХИВ паднал за 35%, бројот на смртни случаи поврзани со СИДА паднал за 24%, со околу 7,8 милиони животи спасени како резултат на меѓународните напори и нивните глобални достигнувања во врска со одредбите за ХИВ во рамките на Милениумските Развојни Цели.
Ö Со обезбедување на антиретровирусна терапија за сите лица кои живеат со ХИВ и со ширење на превенцијата, може да се спречат 21 милион смртни случаи поврзани со СИДА и 28 милиони нови инфекции до 2030 година.
Декември 2015,
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Преземено од:
Centre for Health Management, Galilee International Management Institute Israel.
http://www.who.int/
|