PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 676 |
Visits (this month): | 4514 |
Visits (this year): | 114537 |
Visits (total): | 1108079 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Зика – вирусна инфекција
ЗИКА – вирусна инфекција е заболување предизвикано од ЗИКА вирус кој најчесто го пренесуваат комарци од родот АЕДЕС кои исто така го пренесуваат и вирусот на Денга треска, Чикунгуња и Жолта треска. Вирусот воглавно циркулира на територија на Африка и Азија но во 2015 год. за прв пат се регистрирани епидемии и на територија на Јужна Америка .Вирусот исто така може да се пренесе и во тек на бременоста од мајката на плодот( со можни компликации по плодот), преку сексуален контакт а постои потенцијална опасност за пренос и преку трансфузија.
КЛИНИЧКА СЛИКА - станува збор за лесно заболување каде најголем број од инфекциите поминуваат асимптоматски- без симптоми. Симптоми се развиваат најчесто кај едно од 4 инфицирани лица.Првите симптоми се јавуваат 3-12 дена по убодот. Најчести симптоми се : слабост, малаксаност,блага треска со исип по кожата кој обично почнува на лицето и од таму се шири по целото тело,коњуктивитис, болки во мускулите и зглобовите.Болеста обично трае 4-7 дена и завршува без компликации.
ЛЕКУВАЊЕ- не постојат специфични лекови ниту вакцина. Се препорачува симптоматска терапија против болки и покачена температура (претежно Парацетамол а не ацетилсалицилати и нестероидни антиинфламаторни лековии) и антихистаминици.
ПРЕВЕНЦИЈА-Најважа е заштитата од каснување од комарците(кои се најмногу активни рано наутро и во доцните вечерни часови) а тоа подразбира употреба на репеленти- средства против комарци( и кај здрави и кај болни лица со цел да се спречи инфицирање на нови неинфицирани комарци), носење облека со долги ракави и пантолони, користење мрежи против комарци- третирани со инсектицид со долго траење,елиминирање на местата на кои се размножуваат комарците: застојни води-бари, базени и сл. Местата каде се складира вода да бидат покриени или третирани – ларвицидна дезинсекција.Превземање на мерки за намалување на вкупната популација на комарци. Патниците особено бремените жени , деца, лица со имунолошки и тешки хронични болести да направат задолжителна консултација со лекар пред заминување на пат.Се препорачува бремените жени да не патуваат во земјите погодени од инфекцијата.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје
|