PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1738 |
Visits (this month): | 29134 |
Visits (this year): | 469513 |
Visits (total): | 1463055 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Почитувани,
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје е јавна здравствена установа чија што основна дејност е превентивна здравствена заштита на подрачјето на Скопскиот регион, а врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за безбедност на храна.
Во рамките на своите надлежности ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје ги спроведува следниве работи:
- здравствено хигиенски (санитарни) прегледи на вработени;
- испитување на брисеви од работни површини;
- анализа на спори и функција на стерилизатори;
- бактериолошка анализа на брис од грло, брис од нос, копрокултура и хемокултура;
- Назофарингеален брис за молекуларна детекција САРС/КОВИД 19(ПЦР тест)
- спроведуваме обука за стекнување на основни знаења за безбедност на храната, за лица вработени во објекти за производство и промет со храна ;
- микробиолошки и физичко - хемиски лабораториски услуги за испитување на квалитетот и безбедност на храната, водата за пиење, површинските води, отпадните води и цврсти материи и сл;
- испитување на квалитетот на воздухот,
- мерење на бучава;,
- проучување и следење на хигиенските и здравствените - еколошко санитарни услови во поглед на безбедноста на храната, и др., како и анализа и евалуација на лабораториските податоци и предлагање на мерки за надминување на јавно - здравствените проблеми
- дезинфекција, дезинсекција и дератизација на јавни површини и објекти;
- имунопрофилакса и хемиопрофилакса ( вакцинација).
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје како прва и единствена јавна здравствена установа која што е акредитирана за сите дејности што ги извршува, го потврдува квалитетот на своето работење со сертифициран стандард ISO 17025:2018за сите дејности што ги извршува Установата, како и акредитирани методи по ISO 17025:2018 за хемиски и микробиолошки испитувања на вода и храна.
Сите наведени услуги се извршуваат согласно позитивните законски прописи и подзаконски акти кои што ја регулираат ова област.
Подетални информации за секоја од наведените услуги може да добиете на :
Назив: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје
Адреса: ул.III Македонска Бригада бр.18 Скопје
Факс: 02/3298 251
Веб страна: http://www.cph.mk/
е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ; This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Тел.за контакт : 02/3298 667, лок.117
в.д.Директор: д-р спец. Бесим Зеќири
Лице за контакт: Александар Силјановски, контролор за квалитет
е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Телефон за контакт: 070/ 214 628
е- маил за закажување здравствено - хигиенски прегледи
картотека: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
ПРИЛОГ: Опис на техничка и професионална способност
Центарот за вршење на горенаведените услуги располага со лабораториска и друга опрема и стручен кадар на Одделението за микробиологија со паразитологија и Одделението за хигиена со здравствена екологија и тоа:
Соодветна техничка опрема и лаборатории,
Стручен кадар во:
Одделение за микробиологија со паразитологија.
- лекари, специјалисти по медицинска микробиологија со паразитологија
- лабораториски техничари
- санитарни лабораториски техничари
Одделение за хигиена со здравствена екологија:
- лекари, специјалисти по хигиена
- специјалисти по санитарна хемија
- специјалисти по токсиколошка хемија
- лабораториски техничари
- санитарни техничари
- медицински техничари
Одделението за епидемиологија со Служба за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација располага со стручен кадар од :
- 5 (пет) лекари, специјалисти по епидемиологија,
со задача да вршат надзор и да даваат упатства на лицата во објектите каде што се врши дератизација, дезинфекција и дезинсекција и надзор над спроведувањето на истата,
- 1 (еден) доктор на медицина, на специјализација по епидемиологоја,
- 1 дипл. инж. агроном,специјалист по медицинска ентомологија,
- 1 биолог,
со задача да се грижи за квалитетно изготвување на родентицидни и инсектицидни формулации и нивно правилно дозирање и да ја следи ефикасноста на средствата со кои се врши дератизација, дезинфекција и дезинсекција,
- повеќе од 15 санитарни техничари, распоредени во пет екипи кои непосредно вршат дератизација, дезинфекција и дезинсекција.
Расположива техничка опрема за вршење на дератизација, дезинфекција и дезинсекција:
- Рачни атомизери ( пумпи )- 5л
- Батерски атомизери ( пумпи ) - 12л
- Грбни моторни пумпи со додатоци за запрашување и гранулирање - 10л
- Електричени апарати за микрораспрскување
- УЛВ апарати за топло замаглување со капацитет од 5 литри;
- УЛВ апарати за ладно замаглување - генератор за аеросоли;
- Садови за подготвување на раствори;
- Опрема за носење на роцентицидни материјали:
- Фрижидер;
- Рачени фрижидери;
- Превозни средства за транспорт на отрови;
- Сад- контејнер за транспорт на мамки за дератизација;
- Сад-контејнер за транспорт на отрови;
- 4 (четири) возила со аеросолни генератори монтирани на возилата.
- 25 возила.
Лична заштитна опрема:
- работно одело, пластифицирани комбинезони, заштитни ракавици, соодветни обувки, специјални маски и заштитни очила.
|