PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1305 |
Visits (this month): | 28701 |
Visits (this year): | 469080 |
Visits (total): | 1462622 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ШТО Е ОСТЕОПОРОЗА?
Во светот, секоја трета жена и секој петти маж на возраст од 50 години и повеќе ќе доживеат остеопоротична фрактура. Остеопорозата предизвикува коските да станат слаби и кревки, така што тие лесно се кршат - дури и како резултат на мал пад, удар, кивање или ненадејно движење.
Фрактурите предизвикани од остеопороза може да бидат опасни по живот и главна причина за болка и долготрајна инвалидност.
Може ли да се спречат остеопорозата и фрактурите?
Да, ако се преземе акција рано!
Фрактурите поради остеопороза имаат разорно влијание врз милиони луѓе ширум светот и резултираат со огромни социо-економски трошоци за општеството и системите за здравствена заштита. Сепак, и покрај ефективни медицински достигнувања за намалување на фрактурите, мал број на мажи и жени добиваат третман.
Само 20% од пациентите со остеопоротични фрактури се всушност дијагностицирани или третирани за остеопороза како основната болест. Во 2010 година, само во Европа, околу 12,3 милиони луѓе за кои се смета дека се изложени на висок ризик од остеопоротични фрактури останале нетретирани.
ПЕТ ЧЕКОРИ ДО ЗДРАВИ КОСКИ И ИДНИНА БЕЗ ФРАКТУРИ
1. ВЕЖБАЊЕ
Вежбајте редовно - одржувајте ги коските и мускулите во движење.
Најдобри се вежбите со носење тежина, за зајакнување на мускулите и за вежбање рамнотежа.
2. ИСХРАНА
Погрижете се вашата исхрана да биде богата со хранливи материи здрави за коските. Калциумот, витаминот Д и протеините се најважни за здравјето на коските. Безбедното изложување на сонце ќе ви помогне да добиете доволно витамин.
3. СТИЛ НА ЖИВОТ
Избегнувајте негативни животни навики.
Одржувајте здрава телесна тежина, избегнувајте пушење и прекумерно пиење.
4. ФАКТОРИ НА РИЗИК
Откријте дали имате фактори на ризик.
Дајте му до знаење на вашиот лекар, особено ако сте имале претходна фрактура, имате семејна историја на остеопороза или земате специфични лекови кои влијаат на здравјето на коските.
5. ТЕСТИРАЊЕ И ТРЕТМАН
Тестирајте се и лекувајте се доколку е потребно.
Ако сте изложени на висок ризик, веројатно ќе ви требаат лекови и промени во животниот стил за да се заштитите од фрактури.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина,
Октомври, 2022 година
Извор: https://www.worldosteoporosisday.org/, пристапено 17.10.2022
|