PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 695 |
Visits (this month): | 35910 |
Visits (this year): | 476289 |
Visits (total): | 1469831 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Европска недела за превенција на рак на грло на матка
Рак на грлото на матката (цервикален канцер)
Ракот на грлото на матката се развива во грлото на матката.
Иако повеќето инфекции со ХПВ се решаваат спонтано и не предизвикуваат никакви симптоми, постојаната инфекција може да предизвика рак на грлото на матката кај жените. Ракот на грлото на матката е четврти најчест карцином кај жените. Во 2018 година, на околу 570.000 жени им бил дијагностициран рак на грлото на матката ширум светот, а околу 311.000 жени починале од оваа болест. Ефективниот примарен (ХПВ вакцинација) и секундарниот превентивен пристап (скрининг и лекување на преканцерозни лезии) ќе ги спречат повеќето случаи на рак на грлото на матката. Кога ќе се дијагностицира, ракот на грлото на матката е една од најуспешно излечливите форми на рак, доколку се открие рано и ефикасно се управува. Ракот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се контролира со соодветен третман и палијативна нега.
Со сеопфатен пристап за превенција, преглед и лекување, ракот на грлото на матката може да се елиминира како јавно здравствен проблем.
Подготвил: Вјолца Бериша, дипл. проф.по одделенска настава, Одделение за социјална медицина
Извор: Светска здравствена организација
https://www.who.int/health-topics/cervical-cancer#tab=tab_1
Пристапено на 26.01.2024
|