PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 2278 |
Visits (this month): | 8605 |
Visits (this year): | 58213 |
Visits (total): | 1535242 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Октомври - месец на подигање на свеста за ракот на дојката
Четири основни компоненти за контрола на ракот, поддржани од СЗО во нивната имплементацијата во земјите во светот, се – превенција, рано откривање, дијагностицирање и лекување и палијативна нега.
Веќе доволно се знае за причините за да се спречи појавата на најмалку една третина од сите случаи на рак. Клучните мерки ги вклучуваат имплементацијата на контролата на пушењето, одржување на здрава телесна тежина и спроведување на скрининг на целата популација.
Некои од најчестите видови на рак кај жените – вклучувајќи го ракот на дојката, колоректалниот и ракот на грлото на матката – може да се излекуваат во системот на здравствена заштита ако се откријат рано. Раната детекција на овие три типа е една од приоритетните интервенции на Акциониот План за Имплементација на Европската Стратегија за Превенција и Контрола на Незаразните Болести 2012-2016, потпишана од 53 земји во Европскиот Регион на СЗО во септември 2011 година.
Раното откривање бара програми за скрининг на целата популација и поголема свест за раните знаци и симптоми на ракот. Понатаму, неопходно е итно следење преку натамошно упатување и лекување.
Ракот на дојката е најчестиот тип меѓу жените во Европскиот регион, но неговиот удел во смртноста од рак е пониска заради подобрувањата во скринингот и напредокот во лекувањето.
Експертите го истакнуваат зголемувањето на инциденцата на ракот на дојката во земјите во развој, каде денес се случуваат 60% од смртните случаи. Проекциите најавуваат дека оптовареноста со рак на дојката ќе продолжи да расте во земјите во развој.
Препознавањето на раните знаци и симптоми е неопходно за дијагностицирање и рано лекување. Само-свеста за дојката, клиничкото испитување и мамографијата се техниките на располагање за рано откривање на болеста.
Стравот останува голема бариера за регуларниот скрининг. Пример од Универзитетот на Рим, Италија, покажува дека повеќе од 55% од жените не одговориле на скринингот, иако биле информирани за неговото значење. Професор Riccardo Masetti вели: „Тешко е да се отстрани стравот; полесно е да се избегне неговото создавање преку едукација на младите, со цел да го разберат значењето на грижата за сопственото здравје.
Смртност од рак кај жените во Европскиот регион на СЗО според типот (2008).
Извор: GLOBOCAN 2008.
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
|