PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 255 |
Посети (овој месец): | 16409 |
Посети (оваа година): | 202769 |
Посети (вкупно): | 1679798 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден за борба против СИДА, 2021 година
“КРАЈ НА НЕЕДНАКВОСТИТЕ.
КРАЈ НА СИДА-та.”
1 декември 2021 година
Темата на Светскиот ден за борба против СИДА, 2021 годинае „Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА-та“. СЗО и нејзините партнери ги истакнуваат растечките нееднаквости во пристапот до основните услуги за ХИВ.
ХИВ останува главен проблем на јавното здравје кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО.
На 1 декември 2021 година, СЗО ги повикува лидерите и граѓаните да се соберат за да се соочат со нееднаквостите што ја поттикнуваат СИДА-та и да допрат до оние кои моментално не добиваат основни услуги за ХИВ.
Клучни факти
- ХИВ продолжува да биде главно глобално јавно здравствено прашање, откако досега однесе 36,3 милиони животи.
- Не постои лек за ХИВ инфекцијата. Меѓутоа, со зголемениот пристап до ефективна превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ, вклучително и за опортунистички инфекции, ХИВ инфекцијата стана податлива хронична здравствена состојба, овозможувајќи им на луѓето што живеат со ХИВ да водат долг и здрав живот.
- На крајот на 2020 година имало околу 37,7 милиони луѓе кои живееле со ХИВ, од кои над две третини (25,4 милиони) се во африканскиот регион на СЗО.
- Во 2020 година, 680 000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ и 1,5 милиони луѓе се здобиле со ХИВ.
- За да ги достигнеме новите предложени глобални цели 95–95–95 поставени од UNAIDS, ќе треба да се удвоиме напори за да го избегнеме најлошото сценарио од половина милион прекумерни смртни случаи поврзани со ХИВ во субсахарска Африка, зголемување на ХИВ инфекциите поради прекини на услугата за ХИВ за време на КОВИД-19 и забавениот одговор на јавното здравство на ХИВ.
Подготвил:Бранка Крстев, дипл. соц. работник/Одделение за социјанaмедицина
(Декември,2021)
Извор: https://www.euro.who.int
|






























































































