PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 656 |
Посети (овој месец): | 25003 |
Посети (оваа година): | 25003 |
Посети (вкупно): | 1502032 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Голема кашлица е акутно респираторно инфективно заболување многу контагиозна, болеста е пратена со напади на карактеристична конвулзивна кашлица која води до хипооксија, заради што е наречена голема кашлица.
Етиологија-болеста ја предизвикува бактрија Bordetella pertussis грам - негативна аеробна бактерија.
Резервоар и извор на зараза-е заболен при крајот на инкубација во катаралниот стадиум и околу 3 недели од појавувањето на конвулзивна кашлица. Инкубација обично трае 7-14 дена но може да биде и 21 ден.Пертусисот е воздушно-капкова инфекција при кашлање и со тоа се зголемува можноста за ширење на болеста кај осетлива популација.Најмногу заболуваат претшколски деца на возраст под 7 години, а можните компликации се најчести на возраст под 4 години, доенчињата се осетливи и може да заболат веднаш по раѓањето. Многу ретко, болеста може да се јави кај повозрасни лица.Болеста трае 6-8 недели, се јавува сува кашлица како кај обичен ларинго-трахеит, која станува се почеста особено во текот на ноќта. После 7-15 дена почнуваат напади на карактеристична конвулзивна кашлица пратено со фебрилност. На крајот на нападот детето искашлува леплива проѕирна слуз или пак нападот завршува со повраќање.Кај пертусисот може да се појават голем број компликации, кои ја отежнуваат и така тешката клиничка слика: бронхопнеумонии, акутни ентеритиси, воспаление на средно уво, умбиликална и ингвинална хернија и др.
Мерки и превенција - За превенција се користи комбинирана Di-Te-Per вакцина која е задолжителна. Децата се вакцинираат со една доза на 2иот, 4иот, 6иот месец од раѓањето, на 18 месеци прва ревакцина и на 7 години втора ревакцина.
Мерки на сузбивање - Брза и точна дијагноза, изолирање и лекување, најчесто во домашни услови. Хоспитализација се препорачува кај заболени доенчиња, при тешки форми на болеста и при појава на компликации. Потребно е епидемиолошко истражување во околината на заболениот, со цел да се откријат нови можни случаи. Откривање на здрави а невакцинирани деца кои подлежат на вакцинација да се вакцинираат.
ЦЈЗ Скопје прогласи Епидемија на Голема кашлица на територија на град Скопје на 08.02.2024, поради појава на зголемен број случаи со дијагноза на Голема кашлица во краток временски период. Одделението за Епидемиологија ја следи ситуацијата со пертусис секој ден прибирање на податоци за новите случаи, спроведува епидемиолошки анкети и дава препораки да се почитуваат сите дадени превентивни мерки, за што навремено го информира Институтот за Јавно Здравје.
Подготви: Прим.Д-р Лулзиме Бајрами, специјалист за епидемиологија/ ЦЈЗ-Скопје
|