PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 935 |
Посети (овој месец): | 18760 |
Посети (оваа година): | 128783 |
Посети (вкупно): | 1122325 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на срцето, 29-ти септември 2014 годинаОколина здрава за срцето |
На 29-ти септември 2014 година приклучете се и учествувајте во најголемата активност во светот против кардиоваскуларните заболувања.
На овој Светски ден на срцето, фокусот е поставен врз создавање на средина здрава за срцето. Така луѓето ќе можат да направат избор, здрав за срцето, каде и да живеат, работат или се забавуваат. Светскиот ден на срцето 2014-та, нé охрабрува да го намалиме кардиоваскуларниот ризик по нас и промовира планета здрава за срцето за оние околу нас.
Кардиоваскуларните болести се убиец број еден во светот. Тие се веќе одговорни за 17.3 милиони умрени годишно, и до 2030-та се очекува овој број да се зголеми на 23 милиони.
Премногу често, заедницата го „обвинува“ поединецот со кардиоваскуларно заболување – ти пушиш, ти премногу јадеш и пиеш, ти не вежбаш. Но, околината во која ние живееме, работиме и се забавуваме може да има огромен ефект врз можноста да го направиме правиот избор за здравјето на нашето срце, особено во сé поурбаните средини. Околина здрава за срцето е простор каде луѓето имаат можност да направат правилен избор по нивното здравје.
Не секој има можност. Многу возрасни и деца во светот се „фатени во стапица“ во околина во која се соочуваат со:
Ö Недостаток на пристап до зелен простор
Ö Нездрава исхрана во училиштата
Ö Огромна изложеност на тутун, алкохол и брза храна
Ö Изложеност на чад од тутун во парковите, возилата, работните места.
Секој треба да може да направи избор, не напорен и тежок избор, за своето срце, било каде да живее, работи или се забавува. Придружете се на Светскиот ден на срцето за подобар избор за срцето.
|