PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 826 |
Visits (this month): | 28222 |
Visits (this year): | 468601 |
Visits (total): | 1462143 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА
Поради се поголемата палета на производи од типот додатоци во исхраната, обичниот потрошувач е се повеќе збунет околу изборот од широката палета на додатоци во исхраната., Што да избере од широката палета, на што да обрати најмногу внимание?!
Како прво, секој потрошувач треба да ги познава потребите на својот организам за одредени материи, те. треба да знае која храна ја купува или кој додтаок на исхраната и за која цел. Треба да се биде внимателен и што помалку подлежен на рекламите и маркетингот за ваквиот тип на производи. Особено, треба да се обрати внимание на тоа дека е забрането истакнувањето на лековитите својства на храната или на додатокот во исхраната, како и споменувањето за лечење на одредено заболување.
Одобрените производи од типот додатоци во исхраната задолжително треба да имаат декларација за производот на која читко треба да биде истакнат составот во однос на: витамини, минерали, амино киселини, протеини, масни киселини, пивски квасец, делови од лековити билки или нивни екстракти/концентрати, заштитни средства од типот биофлавоноиди, антиоксиданти, ензими или коензими, живи микроорганизми, органски ткива, лецитин, метаболите од жлезди и сл. Декларираните вредности мора да соодветствуваат со прописите од Правилникот за храна со посебна нутритивна вредност, кој е ускладен со Европската регулатива.
Додатоци на исхраната се посебна категорија производи кои спаѓаат во прехранбени производи со посебна нутритивна вредност. Тоа е храна со специфичен состав или посебен начин на изработка различен од обичната храна токму заради прехранбените својства или намената. Наменети се за здравата популација или за луѓе во посебна физиолошка состојба кај кои треба да се постигне соодветно делување со примената на одредени додатоци во исхраната или со специфичната храна.
Додатоците на исхраната се концентрирани извори на хранливите или други состојки со нутритивни или физиолошки функции кои се пласирани на пазарот во дозирана состојба. Може да се продаваат во различни облици (таблети, прашоци, течности, чаеви, капсули, сирупи, капки и сл.)
Многубројните научни истражувања од оваа област покажале дека исхраната од типот диететски намирници или додатоци со посебна нутритивна вредност завземаат се поголемо место во т.н. превентивна исхрана кај современиот човек. Со нивнаста употреба поединецот добива можност сам или со помош на нутриционист да си помогне во однос на зачувување на здравјето.
Квалитетот на ваквиот тип на храна и нејзините активни состојки влијаат на целокупната здравстевна исправност, па затоа е неопходна стручна контрола на нејзиниот состав, а особено на декларираните вредности за активните компоненти.
|