PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 896 |
Visits (this month): | 28292 |
Visits (this year): | 468671 |
Visits (total): | 1462213 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Четвртата димензија на здравјето – духовно или спиритуално здравје
Здравјето е еден од најважните елементи и атрибути на нашиот живот, предуслов за извршување на секојдневните активности за квалитетен, исполнет и среќен живот воопшто. Идеите за сваќањето на здравјето го следеле развојот на општеството и медицинската научна мисла во целина. Од античко време до денес се направени многу обиди здравјето поцелосно да се објасни и дефинира.
Современото сваќање на здравјето станува официјално кога Светската здравствена организација, при нејзиното формирање во 1948 г., во Статутот внесува дефиниција која гласи: Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и неспособност.
Во последните 10 и повеќе години на меѓународните професионални собири од областа на биомедицината и јавното здравје, како и во стручната литература, дефиницијата за здравјето, внесена во Статутот на СЗО, сé почесто се дополнува со четврта димензија - духовно или спиритуално здравје. Во најопшта смисла, духовното и спиритуалното здравје вклучува чувство на исполнетост и задоволство од сопствениот живот, позитивни вредности, самодоверба и самопочитување, мир и динамично спокојство со емоционална рамнотежа, внатрешна и кон околината, морал и вистинољубивост, несебичност, позитивни емоции, поддршка и подготвеност за помош кон другите луѓе, одговорност и придонес кон заедничко добро, како и успешно менаџирање на проблемите и барањата на секојдневниот живот и на социјалниот стрес. Емоционалната и духовна интелигенција и потенцијал се составни компоненти на духовното или спиритуално здравје кое, во поширока смисла, е синоним за човечноста и севкупниот интегритет на една личност. Ниското ниво на духовен потенцијал на една индивидуа е основа за манифестирање на мноштво негативни особини на личноста, нанесувајќи штета на други луѓе, на вредносниот систем во пошироката заедница и на заедничкото добро.
Материјалот е преземен од Vox medici, гласило на Лекарската комора на Македонија, број 82, од март 2014 година.
Автор на трудот, Кон четвртата димензија на здравјето – духовното или спиритуално здравје, е проф. д-р Дончо Донев, од Институтот за социјална медицина при Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
|