PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1680 |
Visits (this month): | 29076 |
Visits (this year): | 469455 |
Visits (total): | 1462997 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Состојба со заразната жолтица во Скопје од 01.07.2014
Во периодот од 01.07.2014 до 02.09.2014 година на територијата на Скопје се евидентирани и пријавени 98 случаи на заразна жолтица од типот А. Во околните села не е забележан случај од овој тип жолтица, но во сите градски општини има појава на ова заболување. Најмногу пријавени случаи има во општината Шуто Оризари.
Афектирани се сите возрасни групи од 3-60 години, но сепак не можеме да зборуваме за еден извор на оваа епидемија, затоа што случаите не се поврзани еден со друг,освен неколку контакни заразувања во некои фамилии. Со оглед на обилните врнежи и поплави во текот на оваа пролет и лето, при што фекалните канализации на повеќе места се излеваа по јавните површини, но и недоволната јавна и лична хигиена ( недоволно и неправилно миење раце, недоволно миење на зеленчукот и овошјето кои се конзумираат свежи ), може да очекуваме и продолжување на оваа епидемија. Во сите јавни установи, градинки, училишта, факултети, државни установи и стопански објекти, како и возила кои обавуваат јавен превоз, треба да се зголеми нивото на општата хигиена, во смисла да се обезбедат доволни количини сапуни за раце, дезинфекциони средства, места за дезинфекција на влезовите во објектите и можеби најважното, да се подигне свеста за важноста на ова заболување, како и нивото на личната и колективната хигиена во околината во која живееме.
|