PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1757 |
Visits (this month): | 29153 |
Visits (this year): | 469532 |
Visits (total): | 1463074 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Глобалната оптовареност со болести: да се живее со инвалидитет
3-ти декември, 2015 година
Обединетите нации (UN) го одбележуваат Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет на 3-ти декември, 2015 година.
Оваа година три теми се истакнати во агендата:
Ö да ги направиме градовите инклузивни за сите,
Ö да ги подобриме податоците и статистиките
Ö да ги вклучиме оние со невидлив инвалидитет во општеството и неговиот развој.
Овие теми насочуваат кон специфичното споменување на лицата со инвалидитет во пет од Оддржливите Развојни Цели (SDGs): (1) воспитание; (2) економски раст и вработеност; (3) создавање на инклузивни, безбедни, флексибилни и одржливи градови; (4) намалување на нееднаквостите; и (5) прибирање на податоци поврзани со следењето на Одржливите развојни цели.
TheLancetизвестува фокусирано за очекуваниот век на живеење прилагоден според годините со инвалидитет, DALYs,и очекуваниот век на живеење со „полно здравје“, HLY, за 306 болести и повреди во 188 земји во периодот од 1990 до 2013 година. Добра вест е дека глобалното очекување на траење на животот е подобрено за околу 6,2 години, а очекуваното траење на здрав живот стекнал во просек 5,4 години.
Намалувањето на смртноста значи дека луѓето живеат подолго и дека епидемиолошки се случува промена во оптовареноста со болести, од заразни кон незаразни болести, кај население кое старее глобално. Како резултат на оваа промена, инфраструктурата на здравствените системи мора да се прилагоди за да се одговори на подолгиот животен век кој се живее со инвалидитет.
|