PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 206 |
Visits (this month): | 37121 |
Visits (this year): | 477500 |
Visits (total): | 1471042 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на спортот, 30 мај 2013 г
Предуслов за здрав и квалитетен живот за секоја индивидуа е активното практикување на спортот, чиј Светски ден се обележува секоја година на 30 мај.
Годинава се обележува по 21 пат, а на иницијатива на организацијата TAFISA (Trim and Fitness Internation Sport for all Association)– Меѓународна асоција на движењето “Спорт за сите”.
Дефиниција за спорт: сите телесни моторички активности кои имаат варијабилен, динамичен карактер, а со кои доаѓа до израз способноста, особините и знаењето на спортистите за време на тренинг или натпревар.
Према дефиницијата и степенот, спортот може да биде врвен (селективен) и масовен (неселективен). Во подрачјето на спортот постојат неколку категории: професионален спорт, аматерски спорт, рекреативен спорт, училишен спорт и спорт за инвалидизирани лица.
Причини за практикување на спорт се: рекреативни, забава, развивање на телото, подобрување на телесната кондиција, за натпреварувачки цели и сл.
Редовната и адекватна телесна активност влијае на намалување на ризикот од појава и развој на повеќе заболувања и други несакани состојби, а влијае и на подобрување на целокупното физичко и ментално здравје, телесна кондиција и добро расопложение (позитивни мисли).
Зошто е потребно да спортуваме:
- Øза намалување на ризикот од појава и развој на болести на срцето и крвните садови
- Øја подобрува функцијата на срцевиот и дишниот систем
- Øспречува или го одложува појавувањето на висок крвен притисок
- Øглавна причина за потрошувачка на калориите внесени со исхраната
- Øго намалува развојот на шеќерна болест
- Øја развива и унапредува мускулната сила
- Øги одржува моторичките способности на телото како што е силата и рамнотежата
- Øја подобрува минерализацијата на коските во младата возрастсо што се намалува ризикот од појава на остепороза и кршливост на коските во подоцнежните години
- Øкај повозрасните луѓе го спречува развојот на хронични заболувања
- Øго одржува менталното здравје и ги намалува ризикот од депресија и деменција
|