PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 522 |
Visits (this month): | 39359 |
Visits (this year): | 479738 |
Visits (total): | 1473280 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ЗА РОДИТЕЛИТЕ: ВАКЦИНИТЕ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА
Дајте им ја на Вашите деца неопходната превенција и заштита од многу тешки и заразни заболувања - навреме преку препорачаната имунизација (повик од Центарот за контрола на заболувањата и нивна превенција – ЦДЦ).
За родителите нема поголема радост од тоа нивните деца да растат здраво и среќно без поголеми нарушувања на нивното здравје кое може да предизвика и тешки последици. Тоа е основната интенција на здравствените власти и работници, да го заштитат населението од непотребни и тешки заболувања кои можат да завршат со многу лоши последици за семејствата и за општеството. Доколку ги вакцинирате Вашите деца со препорачаните, безбедни вакцини, ќе спречите нивно заболување од барем 14 болести (пример: мали сипаници, голема кашлица, детска парализа и сл).
Причини за вакцинирање на децата:
Сериозни заболувања сеуште се присутни во светот и кај нас.
Намалуавњето или целосното спречување на многу заразни болести кое се постигнува со навремено вакцинирање на децата е една од основните историски придобивки во историјата на јавното здравство. За среќа многу млади родители не се сретнале со ваквиот вид заболувања како што се: детска парализа, мали сипаници или голема кашлица, па не обрнуваат доволно внимание на вакцинирањето и превентивата за нивните деца. Но, овие заболувања И понатаму се присутни и доста опасни што е главна причина за навремено вакцинирање на децата според календарот за имунизација.
2. Заразните заболувања не познаваат граници и можат многу лесно да прераснат во епидемии
Во развиените држави каде постои организирано јавно здравство и превенција веќе не се сраќаваат заболувања од типот на детска парализа, голема кашлица или мали сипаници, но, во неразвиените држави во светот тие се присутни и можат лесно да бидат пренесени во нашето опкружување.
3. Вакцинирањето е докажано безбеден избор за превенција на заболувањата со години наназад
Многу научници и медицински професионалци ги евалуирале информациите за вакцинирање на децата со цел да се утврди нивната безбедностѕ и ефективност. Евалуацијата помогна да се обновии и ефектуира препораката за вакцинирање на децата од секаков безбедносен и здравтсвен аспект.
4. На децата им е потребна имунизација многу рано
Неопходно е отпочнување на вакцинирањето на децата според календарот за имунизација со цел да бидат аплицирани сите потребни дози од вакцини како би се спречила појавата на многу заразни и тешки заболувања.
5. Вакцинацијата го заштитува вашето здравје, семејството, пријателите и општеството
Со навремено вакцинирање на вашите деца овозможувате да се спречи заболување на пример кај соседот кој е боле нод тешка болест и не е во состојба да прими вакцина или да се разболи новороденче од вашиот најдобар пријател кое е сеуште ранливо и со кревко здравје бидејќи нема создадено свој имунитет.
6. Имунизацијата Ви ја дава моќта да го заштитите и поштедите вашето дете од заболувања
Вакцинирањето со препорачаните и безбедни вакцини достапни во соодветните здравствени установи Ви овозможува полесен и безбеден живот за Вас, Вашите деца и на пошироката општествена заедница.
|