PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1441 |
Visits (this month): | 38356 |
Visits (this year): | 478735 |
Visits (total): | 1472277 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Меѓународен ден против злоупотреба и нелегална трговија со дрога 2014
Четврток, 26 јуни, 2014 година
глобална акција за здрава заедница без дрога
Меѓународниот ден на Обединетите нации (ОН) за борба против користење и недозволена трговија со дрога се обележува секоја година на 26 јуни за да ја подигне свеста за овој значаен проблем во општеството. Овој ден е поддржан од поединци, заедници и различни организации во целиот свет.
Што превземаат луѓето?
Канцеларијата за дрога и криминал при ОН (UNODC), со текот на годините активно се инволвира во воведување кампањи за да моболизира поддршка за контрола на дрогата. UNODC често се обединува со други организации и ги охрабрува луѓето во општеството активно да учествуваат во овие кампањи.
Позадина
Според UNODC, приближно 200 милиони луѓе ширум светот се корисници на нелегални дроги како што се кокаин, марихуана, халуциногени дроги, опијати и хипнотички седативи. Во декември 1987 година Генералното собрание на ОН одлучи 26 јуни да го означи како Меѓународен ден против злоупотреба и недозволена трговија на дрога. ОН беа решени да помогнат да се создаде меѓународна заедница ослободена од злоупотреба на дрога. Оваа резолуција препорачува понатамошно дејствување земајќи ги во предвид извештајот и заклучоците од Интернационалната конференција за злоупотреба на дрога и нејзина нелегална трговија, во 1987 година.
Следејќи ја резолуцијата, годините од 1991-та до 2000-та беа прогласени за „Деценија на Обединетите Нации за борба против злоупотреба на дрога“. Во 1998 година Генералното собрание на Обединетите нации усвои политичка декларација која се однесува на глобалниот проблем со дрогата. Декларацијата ја изразува посветеноста на членките на ОН за борба со овој проблем.
|