PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1468 |
Visits (this month): | 38383 |
Visits (this year): | 478762 |
Visits (total): | 1472305 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА
- Да не се консумира сирова, термички непреработена храна од животинско
потекло (месо и производи од месо, млеко и млечни производи, јајца).
- Свежите прехрамбени продукти треба да се чуваат во разладни уреди
(фрижидери) за да се спречи размножување на бактериите и лачење на
токсини.
- Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички
непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења и
сл.).
- Термичката обработка на храната да биде доволно долга и на доволно
висока температура за да ги уништи бактериите и нивните токсини и во
внатрешноста на храната (дебели парчиња месо).
- Храната да се користи веднаш по подготвувањето. Доколку не се употреби
веднаш, да се чува на температура до 4°Ц (во фрижидер) или над 70°Ц до
нејзина употреба.
- Обработката на термички нетретираната и третираната храна да се врши на
различни работни површини, со различен прибор и во различни садови.
- Темелно чистење и миење на садовите, кујнскиот прибор, работните
површини и рацете, пред и после ракувањето со храна - сирова или
термички обработена.
- Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под
силен млаз вода - пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се
излупени.
- Да се избегнува храна од тезги на улица, брза храна, како и др. храна и
вода од несигурни извори.
- Темелно миење на рацете пред и после јадење.
- Безбедно складирање на храната и нејзина заштита од инсекти и глодари.
- Лицата кои спаѓаат во "ризични категории", поради тоа што болеста може
да се манифестира во потешка форма, со компликации и лош исход (лица
со хронични болести и намален имунитет, постари лица над 65 годишна
возраст, мали деца, бремени жени), треба посебно да обрнат внимание на
претходните препорачани мерки, особено да избегнуваат консумација на
меки сирења, непастеризирано млеко и млечни производи, паштети и
готови салати, да избегнуваат храна од кулинарски тезги, брза храна, да
избегнуваат консумација на претоплувана, претходно оладена храна, како
и избегнување на контакт со бремени или новородени животни.
|