PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 574 |
Visits (this month): | 4412 |
Visits (this year): | 114435 |
Visits (total): | 1107978 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Анализа на состојбата на скринингот на ракот на дојка и ракот на грлото на матката во Македонија
Од 2011 година Р. Македонија годишно одобрува „Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија“со детален опис на скринингот на ракот на дојка и на скринингот на ракот на грлото на матката кои треба да се спроведат во земјата при што е дефиниран и буџетот за активностите соодветно. Тековната верзија на оваа програма за 2015 година е следна:
Моментална состојба: Скрининг на рак на дојка
Опортунистичкиот скрининг на ракот на дојка е финансиран од Владата на Р. Македонија од 2006 година, кога со закон е пропишано дека секоја жена има право на бесплатен скрининг во државните болници. Во „Програмата за рано откривање на малигни заболувања во Р.М. за 2015 година“ е наведено дека за скринингот на ракот на дојка Центрите за јавно здравје ќе бидат одговорни за поканување на жените на возраст од 50-69 години по случаен избор.
Врз основа на наведената возрасна група(50-69 години) за скрининг и соодветниот процент на население во Р. Македонија за 2013 година, се проценува дека вкупното прифатливо население за скрининг на дојка е 243,335 жени. Оттука, користејќи го интервалот од 2 години, целната група на годишно ниво би била 122,000 жени.
Опрема и персонал за скрининг на дојка
Во Македонија има 20 аналогни и 3 дигитални мамографски апарати од кои во Скопје мамограф има во: Поликлиниката Ѓорче Петров, Поликлиника Букурешт, Универзитетската клиника за радиологија, Здравствената станица “Железара”, Здравствена станица “Железница”, Општа болница 8-ми Септември.
Според процените направени во САД и Велика Британија на еден мамографски апарат со соодветен капацитет може да се прегледаат 5000 жени годишно (вклучувајќи скрининг и дијагностичка мамографија). Под претпоставка дека сите мамографски апарати приозведени во 2000 година ги исполнуваат или можат да ги исполнат моменталните интернационални стандарди за работа, ќе биде доволно за 70% од годишната процена на скринингот на дојка. Со оглед на тоа дека е ретко земјите на направат скрининг на повеќе од 75% од целната популација, овие апарати треба да бидат во можност да ги исполнат барањата за скрининг на дојка во Р, Македонија во блиска иднина.
Моменталниот број на радиолози и рендген техничари обучени за мамографски скрининг е доволен за преглед на 25.000 жени, годишно. Петнаесет радиолози се обучени за ултрасонографија, а четворица од нив се обучени за биопсија на дојка. Пет патолози се обучени за цитологија/хистологија на дојка,од кои двајца се во Скопје.
Моментална состојба: Скрининг на грло на матка
Скринингот на грлото на матката е исто така финансиран од Владата на Р. Македонија почнувајќи од 2006 година од кога со закон е овозможено секоја жена во државните болници да направи бесплатен скрининг. Сепак првичните стапки на овој скрининг се ниски, па оваа услуга е префрлена на матичните гинеколози во 2010 година. Скринингот на грлото на матката е поставен на национално ниво во 2012 година врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за етапно повикување на жените од различни возрасни групи (од 24-35 години поканети во 2012 година,36-48 години во 2013 година и 49-60 години во 2014 година). Во 2015 година повторно се покануваат жените од 49-60 години заедно со жените од 24-48 години кои претходно не направиле скрининг.
Целна група
Врз основа на наведената скрининг возрасна група (24-60 години) и проценките на населението во Р.М. во 2013 година, вкупната бројка на популација која подлежи на скрининг е 516.000 жени. Со користење на интервал за скринингот од 3 години вкупната годишна целна популација би била 172.000 жени.
Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Р.М. за 2015 година предвидува скринингот на грлото на матката да биде реализиран од 140 матични гинеколози кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување. Нивната задача во истражувањето е земање на брис, подготовка на ПАП тестови и доставување до цитолошка лабораторија за анализа. Врз основа на потребното просечно време од 10-15 минути за земање на брис и 220 работни дена во годината, целосно имплементирање на програмата за скрининг на грлото на матката со 75% покриеност на целата популација се бара 140те матични гинеколози просечно дневно да потрошат во просек околу 1 час за скрининг на 5 жени.
Цитолошка лабораторија
Денес постојат 11 лаборатории за обработка на ПАП тестовите во Р. Македонија (8 јавни и 3 приватни), заедно со 20 патолози (13 во јавниот сектор и 7 во приватниот сектор). Цитолошката лабораторија при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство годишно прегледува 60.000 ПАП тестови со 8 цитолози кои обработуваат 50 ПАП тестови на ден и еден цитопатолог кој ги дијагностицира абнормалностите кај ПАП тестовите.
Микроскопскиот преглед на ПАП тестовите за откривање на абнормални клетки кои може да бидат присутни е ментално тежок процес; поради тоа многу земји го имаат ограничено бројот на ПАП тестови на 25-80 тестови дневно.
ХПВ вакцинација
ХПВ вакцинацијата е промовирана во 2007 година на доброволна основа за 12 годишни девојки. Во 2008 година ХПВ вакцинацијата стана задолжителна иако родителите можат да одбијат со потпишување на соодветен формулар.
ХПВ вакцинацијата беше ослабена од недоволната подготвеност на промоторите од ПЗЗ зпоради недоволната информираност во врска со прашањата на родителите и нивните ќерки. Антикампањата против ХПВ вакцината во поново време дополнително ја намали вакцинацијата.
Во 2014 година за вакцинирање се предвидени 7.140 девојчиња на 12 годишна возраст, но родителите на 5.398 од нив одбиле да ги вакцинираат скоите ќерки (вакцинацијата опфати 24.2%).
Во Р.Македонија најголем напредок во рано откривање на ракот кај жените е направен во областа на ракот на грлото на матката. Затоа „Програмата за рано откривање на малигни заолувања во Р.М. за 2015 година“ е соодветно да се фокусира првенствено на спроведување на елементи кои се потребни за подобрување на организацијата на скринингот на ракот на грлото на матката што ќе овозможи најголеми придобивки во најкусо време. Понатаму, заради организациските елементи потребни за скринингот на ракот на грлото на матката кои се исти со елементите потребни и за другите скрининг програми, најкорисен метод е да се изгради еден организациски капацитетза скрининг на рак, врз основа на кој ќе се градат и другите скрининг програми.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
Јули, 2015 година
|