PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Посетеност
Денешни посети: | 357 |
Посети (овој месец): | 39908 |
Посети (оваа година): | 174542 |
Посети (вкупно): | 910266 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Хигиена на рацете при здравствена нега
Најголем дел од инфекциите асоцирани со здравствена нега може да се превенираат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во право време и на прав начин. Рацете на здравствените работници играат клучна улога во одржување на безбедноста на пациентите. Доколку здравствените работници не ги чистат рацете во вистински момент и со примена на соодветни методи, тие може преку своите раце да пренесат микроорганизми кои предизвикуваат инфекција од еден пациент на друг. Одржување на хигиена на рацете во клучни моменти е важна интервенција во здравствената заштита. Хигиената на рацете го намалува преносот на микроорганизми (вклучително и оние кои се резистентни на антибиотици), ја зголемува безбедноста на пациентот и ги намалува инфекциите асоцирани со здравствена нега.
Нашата планета, нашето здравје
Нашето здравје и здравјето на нашата планета се нераскинливо поврзани, а потребата да се фокусираме на создавање здрави општества, на здрава планета станува се поочигледна.Темата на Светскиот ден на здравјето во 2022 година се фокусира на оваа врска помеѓу здравјето на нашата планета и здравјето на луѓето, животните, растенијата - сите живи суштества.
Март, месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, 2022 година
Колоректалниот карцином е трет најчест тип на рак во светот, во 2020 година, беа дијагностицирани речиси 2 милиони случаи. Тоа е втора најчеста причина за смрт од рак, што доведува до речиси 1 милион смртни случаи годишно. Ова е и покрај фактот што постојат ефективни скрининг техники кои би можеле да го намалат бројот на смртни случаи од оваа болест. Светски ден за борба против туберкулозата 2022 година 24 март 2022 година
ФАКТИ
Секоја година, го одбележуваме Светскиот ден на туберкулозата на 24 Март за да ја подигнеме јавната свест за катастрофалните здравствени, социјални и економски последици од ТБ и да ги засилиме напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ. 24 Март го означува денот кога во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата што предизвикува ТБ, што го отвори патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
- ОТСЕК ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ - Презентација за карцином на грло на матка Одделение за социјална медицина ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител за смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога ПАП тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени на грлото на матката. Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката. Констатирано е дека ракот на грлото на матката е четврт најчест вид на карцином меѓу жените во светот. Годишно се дијагностицира кај околу 570.000 жени, а во просек со оваа болест не можат да се изборат 311.000 лица. СЗО покрена „Програма за отстранувањето на ракот на грлото на матката“ ширум светот со одлуката донесена на Светското здравствено собрание со цел превенција на ракот на грлото на матката. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ЗА СКРИНИНГОТ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКАЗА 2022 ГОДИНА ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ДЕКА ВРЗ ОСНОВА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА, ЗА СКРИНИНГ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА, ПРЕДВИДЕН Е ОПФАТ НА ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД:
36 - 45 години
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: БРАНКА КРСТЕВ, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |
|



































































