ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА
Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител за смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога ПАП тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени на грлото на матката. Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката.
Констатирано е дека ракот на грлото на матката е четврт најчест вид на карцином меѓу жените во светот. Годишно се дијагностицира кај околу 570.000 жени, а во просек со оваа болест не можат да се изборат 311.000 лица.
СЗО покрена „Програма за отстранувањето на ракот на грлото на матката“ ширум светот со одлуката донесена на Светското здравствено собрание со цел превенција на ракот на грлото на матката.